Скандал ја тресе World Athletics – вработени украле милион и пол евра

Голем финансиски скандал ја погоди Светската атлетска федерација (World Athletics), откако беше откриено дека двајца нејзини вработени и еден надворешен консултант незаконски присвоиле околу 1,5 милион евра од сметките на организацијата.

Како што соопштија од федерацијата, неправилностите биле откриени по внатрешна ревизија што ја спровело новото финансиско раководство. Еден од осомничените веќе го напуштил World Athletics, а со другите двајца е раскината соработката, при што против сите се покренати и кривични постапки.

Во официјалното соопштение се наведува дека веднаш биле преземени мерки за подобрување на финансиската контрола и безбедноста на системите, со цел ваков случај никогаш да не се повтори.

Овој инцидент предизвика бурни реакции во спортската јавност, особено поради тоа што World Athletics е една од најугледните и највлијателни спортски институции во светот. Скандалот дополнително го отвора прашањето за транспарентноста и внатрешниот надзор во меѓународните спортски организации кои управуваат со милионски буџети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО