Дукати најде замена за Маркез во Супербајк

Италијанскиот гигант Дукати официјално објави дека Николо Булега ќе биде замената за Марк Маркез на последните две трки од сезоната во Супербајк шампионатот.

Маркез, деветкратниот светски шампион, мораше предвреме да ја заврши сезоната поради повреда на клучната коска и оштетени лигаменти.

Булега, кој досега беше тест-возач на Дукати, ќе дебитира во кралската класа на трките во Португалија (7–9 ноември) и Валенсија, каде ќе ја има шансата да се докаже пред раководството на тимот.

– Ова е огромна можност и чест за мене. Ќе дадам сè од себе да го оправдам довербата што ми ја дадоа, изјави Булега по потврдата.

Со оваа одлука, Дукати ја демонстрира својата подготвеност и стабилност во возачкиот состав, додека фановите со нетрпение очекуваат да видат дали Булега ќе може да се наметне како сериозен кандидат за редовно место во тимот следната сезона.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО