СКАНДАЛ: ФИФА наплатила премиум, испорачала поевтини билети!

Илјадници навивачи се чувствуваат измамени по купувањето билети за Светското првенство 2026, откако наместо „премиум“ места добиле значително полоши позиции на стадионите.

Според извештајот на „Атлетик“, ФИФА по продажбата ги прераспределила седиштата, при што дел од билетите од прва категорија завршиле во послаби сектори – без навивачите да бидат информирани или обештетени.

Дополнително, организацијата ги изменила и мапите на стадионите, а дел од најдобрите места биле резервирани за спонзори и ВИП гости.

Иако навивачите најавуваат тужби, правилата на ФИФА ѝ дозволуваат вакви промени, што практично ги остава без можност за реакција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО