Скалвини потешко се повреди и го пропушта ЕП

Централниот бек на Аталанта, Џорџо Скалвини, ќе ги пропушти натпреварите на Европското првенство (ЕП) 2024 и на неговиот тим, до крајот на годината.

Скалвини, 20-годишниот репрезентативец на Италија, потешко се повред на натпреварот против Фиорентина, последен сезонава во Серија А. Дефанзивецот има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.

Тој постигна гол во првото полувреме, но сезоната за него заврши на најлош можен начин. Аталанта ја потврди тешката повреда на својот играч откако тој беше подложен на магнетна резонанца.

Италија веќе загуби еден дефанзивец, Франческо Ачерби од Интер, а на негово место беше повикан Федерико Гати од Јувентус. Многу брзо ќе биде познато и кој ќе го замени Скалвини.

Италија на ЕП е во групата Б, со Хрватска, Албанија и Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО