Сити упати 33 удари кон голот на Реал, но не се пласира во полуфиналето!

Манчестер сити постигна гол против Реал Мадрид и во реваншот во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) упатувајќи дури 33 удари кон голот (со осум удари на гостите), објави „Сити екстра“.

Овие статистички показатели се рекордни во нокаут фазата од ЛШ во последните четири сезони. Претходно, во март 2020 година, во осминафиналето, Ливерпул на „Енфилд“, упатаи  34 удари кон голот на Атлетико Мадрид, но сепак не се пласира во следната фаза.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО