Салцбург побогат за 50 милиони евра од елиминацијата на Арсенал!

По елиминацијата на Арсенал од Лигата на шампиони (ЛШ) синоќа, комплетирана е листата на европските клубови кои ќе учествуваат на клупското Светско првенство (СП) во САД од 15 јуни до 13 јули 2025-та, што ќе се игра според нов формат, со осум групи од по четири клуба.

Покрај 12-те европски клубови, на турнирот ќе учествуваат шест екипи од Јужна Америка, пет од Централна и Северна Америка (едно дополнително место за домаќинот на турнирот), по четири од Азија и од Африка, и шампионот на Австралија и Океанија, Окланд сити.

Испаѓањето на Арсенал најмногу го израдува австрискиот Салцбург кој го „зграпчи“ последното европско место според клупскиот коефициент во последните четири години и со тоа ќе заработи 50 милиони евра, колку што ќе добие секој клуб учесник.

Ливерпул, Лајпциг, Барселона, Наполи, Севилја и Милан имаа поголем коефициент од Салцбург, но не можат да учествуваат поради правилото на турнирот да има најмногу по два тима од иста земја.

Од Европа на клупското СП ќе настапат овие 12 тима: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид (Шпанија), Манчестер сити, Челси (Англија), Баерн Минхен, Борусија Дортмунд (Германија), Јувентус, Интер (Италија), Порто, Бенфика (Португалија), ПСЖ (Франција) и Салцбург (Австрија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО