Сити без хрватското дуо на утрешниот меч со ФК Копенхаген?

Манчестер Сити би можел да остане без дефанзивецот Јошко Гвардиол и играчот од средниот ред Матео Ковачиќ за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против ФК Копенхаген. Вестите велат дека и двајцата го пропуштиле тренингот денеска.
Ковачиќ отсуствуваше и на мечот со Евертон во саботата поради повреда, но Гвардиол беше замена. Хрватскиот двоец бил отсутен на денешниот 15-минутен отворен тренинг одржан пред попладневниот лет за Копенхаген.

Пеп Гвардиола денеска на последниот тренинг пред патувањето за Данска на тренингот ги повикал младинците Том Галвез, Џејкоб Рајт и Махамаду Сусохо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО