Челси е надвор од трката за ангажман на напаѓачот на Наполи, Камерунецот, Виктор Осимен, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Лондончани потпишаа со Саму Омородион од Атлетико Мадрид и се откажаа од идејата да доведат уште еден напаѓач. Челси и Наполи преговараа за Осимен, но италијанскиот клуб не сака да го продаде Осимен за пониска сума од откупната клаузула која изнедува 130 милиони евра.