Романската тенисерка Симоне Халеп, ќе се појави деновиве пред Судот за спортска арбитража во Лозана, по повод жалбата за четиригодишната суспензија поради наводен допинг.
– Не може да се даде сигнал кога ќе биде донесена конечната одлука, стои во денешното соопштение на Судот за спортска арбитража.
Халеп на САД опен 2022 година беше позитивна на одредена забранета супстанца според прописите на ВТА, а потоа во мај 2023 година, донесена беше одлука за нејзина суспензија.
Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос, а подоцна и Вимблдон и стана една од најпознатите тенисерки кои паднале на допинг тестови, прва по Марија Шарапова во 2016 година. Романката зад своето има има 24 титули во сингл и има заработено повеќе од 40 милиони долари низ разни награди по турнирите.
Беше прва тенисерка на ВТА листите во 2017 и 2018 година.