Симеоне: Би било супер да ја повториме играта од првиот меч

Атлетико Мадрид ќе гостува во Лондон на Арсенал во реванш мечот од полуфиналето во Лига на шампиони.

Првиот дуел во Мадрид заврши 1:1, што значи дека на „Емирати“ во Лондон мора да има победник и да се дознае првиот патник во финалето од ЛШ на УЕФА.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне го водеше мадридскиот клуб до две финалиња во ЛШ, но нема ниту една титула.

” Ќе се обидеме да одиграме на високо ниво. Имаме верба и знаеме што треба да направиме. Сепак, не зависи само од нас. Ние само треба да се обидеме да го исполниме нашиот план.

Би било предобро ако успееме да ја повториме играта што ја имавме во второто полувреме на дуелот во Мадрид. Алварес е еден од клучните играчи за нас. Тој добро го познава англискиот фудбал и тоа е адут плус за нас“, рече Симеоне.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО