Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го нарече четвртфиналниот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите сериозен предизвик.
Во осминафиналето, Атлетико го победи Тотенхем со вкупен резултат 7:5, додека Барселона го совлада Њукасл со 8:3.
– Патот до четвртфиналето не беше лесен, како и во претходните натпревари. Ќе мора да се бориме посилно од кога било. Целта ни е да се натпреваруваме со Барселона. Не се сомневам дека тие се најдобриот напаѓачки тим во Европа, а можноста да се соочиме со нив во четвртфиналето е сериозен предизвик што ќе бара од нас да играме на исто ниво, изјави Симеоне за „AS“.
Другите двојки за четвртфиналето се:
ПСЖ – Ливерпул
Реал Мадрид – Баерн Минхен
Арсенал – Спортинг.
Натпреварите во оваа фаза ќе се одржат на 7/8 април и 14/15 април.
Фото:миа