Сигурни победи на Ливерпул и Тотнем во Премиерлигата

Ливерпул со 3-0 го совлада Борнмут, Тотнем со 3-1 славеше над Брентфорд во денешните натпревари од колото во Премиерлигата.

Сите три гола Ливерпул ги даде во првото полувреме и тоа во временска дистанца од само 11 минути.

Луис Диаз погоди во 26. минута, а две минути подоцна истиот играч зголеми на 2-0, конечните 3-0 ги постави Дарвин Нуњез во 37. минута.

Тотнем со 3-1 беше подобар од Брентфорд. Гостите поведоа уште во првата минута со гол на Мбеумо, брзо следуваше пресврт со погодоци на Соланке и Џонсон, Медисон во финишот го постави конечниот резултат.

Астон Вила со пресврт дојде до победа над Вулвс со 3-1. Гостите поведоа со гол на Куња во првото полувреме. Вила изедначи со гол на Воткинс во 73. минута, а во 88. минута Конста погоди за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1, точка на мечот стави Дуран во судиското продолжение.

 

 

Со истиот резултат Фулам го победи Њукасл, дуелот меѓу Саутемптон и Ипсвич заврши нерешено 1-1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО