За одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф, заинтересиран е тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, објавија дел од медиумите во Турција.
Тие соработуваа во „црвените ѓаволи“ во ерата на португалскиот стратег пред неколку години. Линделоф, 30-годишниот Швеѓанец, има одиграно 259 натпревари, дадено четири гола и седум асистенции за англискиот состав.
Фенербахче во текот на летово се засили со Јусеф Ен-Несири, Чаглар Сојунџу, Ален Сен Максимин, Раде Круниќ и Ченк Тосун.