Штутгарт го продолжи договоорт со Хенес

Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, ја продолжи верноста кон клубот на уште две години.

Хенес ги презеде „Швабите“, минатата пролет и ги спаси од испаѓање. Минатата сезона Штутгарт заврши на 16. позиција и бундеслигашкиот статус го обезбеди преку баражот со третопласираниот тим во Цвајта.

Со минимална инвестиција, германскиот стручњак потоа го трансформираше тимот – го промени стилот на игра и тоа веднаш се одрази на резултатите. Штутгарт е на третото место на табелата со реални шанси, наредната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Затоа Хенес доби нов договор, до јуни 2027 година, поточно го продолжи актуелниот договор на уште две сезони.

Штутгарт на овој начин успеа да го задржи тренерот за чии услуги според германските медиуми покажува Баерн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО