Што по Ливерпул за Јирген Клоп? Има едно реално и веројатно остварливо сценарио

Познато е дека Јирген Клоп на крајот од сезоната го напушта Ливерпул, а тоа сака да го направи на највисоко ниво, со освоена титула во домашното првенство.

Ливерпул веќе ја освои титулата во Лига купот, но тоа не го задоволува искусниот германски стратег, па вистинската шолја чај за него би било освојување на Премиер лигата.

Но со самото заминување од „Енфилд“, медиумите веќе шпекулираат каде би можеле да го видат идната сезона, или пак, доколку направи едно-сезонска пауза, потоа каде би можел да менаџира.

Многумина го гледаат Клоп во иднина како селектор на Германија, а такво тврдење има и Дитер Хаман.

– Ако Клоп сака да ја преземе репрезентацијата, треба да си најде привремено решение. Во тој случај нема подобри опции од Вагнер и Ханес Волф.

Јулиан Нагелсман има договор до крајот на ЕП24 со репрезентацијата на Германија, а веројатно повеќето од навивачите, посакуваат доаѓање на клупата на Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО