Шпанците со максимални девет бода и без примен гол во групната фаза

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Албанија (1:0) во натпреварот од 3. коло по групи на Европското првенство (ЕП). Со тоа, шпанската „фурија“ со стопроцентен ефект ја заврши групната фаза и стана првата селекција што не примила ниту еден гол во оваа фаза на турнирот.

Шпанците ги совладаа Хрватите со 3:0, потоа во 2. коло триумфираа над Италија со 1:0, а во 3.коло беа подобри од Албанија, 1:0 и со максимални девет поени го освоија првото место во групата Б.

Италија го зазеде второто место, со четири поени, Хрватска е трета со два, а последна е Албанија со еден бод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО