Шпанците остануваат без трофејниот селектор?

Со освојувањето на четвртата титула, репрезентацијата на Шпанија стана рекордер на Европските првенства (ЕП) и ја минаа Германија со која го делеше рекордот со три освоени трофеи.

Шпанците кои претходно победува во 1964, 2008 и во 2012 година, до последната титула стигнаа на импресивен начин, добивајќи ги сите седум натпревари, без изведување пенали, што на ниту една селекција досега не и успеало. Постигнатите 15 гола се рекорд на ЕП.

Селекторот Луис де ла Фуенте (63) се покажа како вистински „хит“ на шпанскиот фудбалски сојуз. Тој беше назначен за селектор во јануари 2023 година и оттогаш ја водеше Шпанија на 23 натпревари, со ефект од 20 победи, едно реми и два пораза. Шпанците во моментов се во серија од 17 победи на официјалните натпревари.

Де ла Фуенте претходно работеше како селектор на младите шпански репрезентацији, до 19 и до 21 година, триумфирајќи на ЕП со двете. Сега со сениорите го освои второто натпреварување, по Лигата на нации (ЛН) лани летото, победувајќи ја Хрватска во финалето, по изведувањето пенали.

Шпансккиот „АС“  пред финалето објави дека креаторот на новата Шпанија има плата од 600.000 евра годишно, што го прави еден од најслабо платените селектори на ЕП и дека федерацијата ќе му понуди нов договор со кој би заработувал трипати повеќе.

Но, по финалето на ЕП се појави речиси неверојатна приказна. Угледниот американски весник „Вашингтон пост“ објави текст со наслов „Луис де ла Фуенте е заинтересиран за работа во репрезентацијата на САД“.

Во моментов тешко е да се поверува дека тоа може да се случи, но еве што е напишано во весникот:

„Претставниците на Де ла Фуенте стапија во контакт со Фудбалската федерација на САД за да ја разгледаат ситуацијата откако селекторот Грег Берхалтер беше отпуштен минатата недела.

Масуд Рушандел потврди за нашиот весник дека тој и Висенте Монтес во петокот го информирале спортскиот директор на Федерацијата, Мет Крокер за интересирањето на на Де ла Фуенте за работата. Рушандел е претседател на Глобал Елит спортс групацијата( (Global Elite Sports Group), американско-шпанска компанија за управување, и тесно соработува со Монтес, истакнат шпански агент“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО