Шпанскиот дефанзивец го пропушта воведниот натпревар на ЕП!

Дефанзивецот на Шпанија, Емерик Лапорт веројатно ќе го пропушти натпреварот од 1. коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП), против Хрватска, во сабота, на Олимпискиот стадион во Берлин (од 18 часот), објави „Марка“.

Според тој извор, Лапорт отсуствувал од тренинзите поради болки во мускулите, по што за него е направен посебен третман за опоравување. На последниот пријателски натпревар против Северна Ирска тој одигра 38 минути во вториот дел од натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО