Шпанките триумфираа во Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија триумфира во Лигата на нации (ЛН), совладувајќи ја во финалето Франција со 2:0, на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја пред 32.657 гледачи,

Тоа беше рекордна бројка навивачи за шпанските фудбалерки кои за прв пат по 13 меча ги победуваат Французинките.

Шпанија поведе со голот на Ајтана Бонмати во 32-та, а победата ја потврди Мариона Калдентај во 53. минута.

Шпанија доминираше во текот на целиот натпревар, за што сведочи податокот дека Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот гол!

За Шпанките ова е втор голем трофеј во последните шест месеци, откако лани во август триумфираа на Светското првенство (СП) во Австралија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО