Ракомет: Шпанија убедлива против Македонија на гостувањето во Скопје

Женската ракометна репрезентација на Македонија на домашен терен во Скопје, загуби од фаворитот Шпанија со 19:31, во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025-та.

Ова беше трет меч од петтата квалификациска група, во кој репрезентацијата на Македонiја не ја прикажа посакуваната игра и убедливо беше поразена. Шпанија од почетокот до крајот на мечот одигра толку, колку што беше доволно за убедлива победа.

Во првото полувреме Македонија одржуваше некаков приклучок и негатива од 2 до 3 гола, но во последните минути дозволи противничките да направат серија и на одмор да заминат со водство од 17:11.

Лошиот старт на вториот дел ја најави убедливата победа на Шпанија која постигнуваше голови, за разлика од Македонија која првиот гол во вториот дел го постигна во 39-та минута кога веќе бевме во двоцифрена негатива.

До крајот на натпреварот шпанските ракометарки само ја одржуваа убедливата предност за да завршат со +12, односно 31:19.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Сара Ристовска со шест, а Јована Кирпијановска додаде уште четири гола. Во победничкиот тим најрасположена ракометарка беше Кабрал Барбоса со седум голови.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски сега ги чека долг пат и повторен дуел со Шпанија, во Ланзароте, на 3март.

Македонија по три кола останува на втората позиција со двете победи, против Азербејџан и Литванија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО