Шоу низ улиците на Германија: Немој шпагетите, само не шпагетите!

Шпагетите може да се каже дека се национално јадење и гордост на Италија, а тоа денеска беше потврдено во Германија.

Пред натпреварот Италија – Албанија, се случи една интересна ситуација на улиците пред стадионот каде се одигра натпреварот.

Познато е дека Италијаните може за се да ги провоцираш, само не за пицата и шпагетите.

Вчера симболично еден од албанските фанови пред очите на Италијаните успешно кршеше шпагети од пакувањето, а еден навивач на Италија тоа го прифати со голема доза на иронија и го направи моментот неверојатен.

Тој едноставно молеше навивачот на Албанија да не ги крши шпагетите на половина, бидејки тоа не е исправно и тоа го направи со молење на колена, но сето тоа беше направено во пријателски и забавен тоналитет, атракција за социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО