Шокантни сцени во Франција! Вооружени разбојници пукале по фудбалери на Марсеј!

Група вооружени разбојници нападнале и пукале во тројца фудбалери на Марсеј во неделата вечер!? Фарис Мумбањ (23), Жан Онана (24) и Бамо Меите (22) се враќале дома по првенствената победа против Ле Авр (2:1), кога разбојниците ги пресретнале по излегувањето од клупскиот тренинг центар и се обиделе да им ги украдат автомобилите, пишуваат Спортске новости.

Фудбалерите побегнале, а разбојниците пукале по нив. За среќа, никој не е повреден, и неуспешниот обид не завршил полошо. Полицијата подоцна открила дупки од куршуми во два автомобила, од кои два завршиле во возачката врата на еден од играчите, а третиот во багажникот на друг автомобил.

Фудбалерите биле шокирани, а од клубот соопштија дека се во контакт со локалните власти. Обвинителството во Марсеј нареди истрага, а по непознатите напаѓачи се уште се трага.

Нападот врз тројцата фудбалери беше лош крај на и онака тешката сезона за Марсеј. Аталанта ги исфрли во полуфиналето на Лига Европа (ЛЕ), а преку Лига 1 не успеаја да стигнат до европските натпреварувања следната сезона. Марсеј го заврши првенството со бод помалку од Ленс, кој ќе игра квалификации за Лигата на конференции (ЛК).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО