Шкрињар: Тажни сме, 30-на секунди не’ делеа од четвртфиналето

Капитенот на словачката репрезентација, Милан Шкрињар зборуваше за поразот во мечот со Англија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во Германија.

– Тешко е да се најдат зборови, сите сме многу тажни. Бевме многу блиску до пласман во следната рунда. Ако продолжиме да играме за Словачка на овој начин, веројатно ќе имаме уште поубави времиња.

Штета е што паднавме во последен момент. Веројатно бевме на 30 секунди до победата. Ова беше неверојатна авантура, навистина сум горд на целиот тим, а исто така би сакал да им се заблагодарам и на навивачите, изјави Шкрињар.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО