Шкендија го промовираш Стефан Коцев, се очекува потпис и со Роналдо

Шкендија го промовира Стефан Коцев кој потпиша договор со „црвено-црните“ од Тетово до 2025 година.

Стефан Коцев после една година се враќа во Македонија, откако минатата зима од Брегалница замина во Казахстан за Каспиј Актау каде досега одигра за нив 22 натпревари и постигна еден гол и една асистенција.

Стефан Коцев во својата кариера покрај Брегалница и Каспиј има настапувано и за Лириа Призен, Силекс, Еноси Аспропиргу, А&Н Призрен.

Како што стојат работите Роналдо Вебстер наскоро ќе постане нов играч на Шкендија.

22-годишниот интернационалец од Јамајка оваа полусезона остави добар впечаток со добрите игри за Брегалница па така и го навлече интересот од други клубови. По се изгледа Шкендија беше најзаентересирана и покрај интересот на Шериф Тираспол од Молдавија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО