Шестмина загинати во лудата прослава на победата на Гвинеја над Гамбија

Шест лица загинаа за време на лудата прослава по триумфот на Гвинеја над Гамбија (1:0) во Купот на Африка што се одржува во Брегот на Слоновата Коста.

Навивачите со автомобили и со моторцикли ги преплавиле улиците на главниот град на Гвинеја, Конакри, за да ја прослават победата што доведе до серија трагични инциденти.

Епилогот беше шест мртви во прославата низ улиците. Три лица ги загубиле животите кога две возила излетале од патот со голема брзина, додека десетици други биле повредени во различни сообраќајни несреќи.

Гвинеја, која е „луда за фудбалот“, е соседна земја со домаќинот на турнирот, Брегот на Слоновата Коска.

Фудбалската федерација на Гвинеја повикува на смиреност пред последниот, утрешен натпревар во групата против Сенегал. Доколку избегне пораз Гвинеја ќе се пласира во нокаут фазата.

-Она што е важно е нашите навивачи и јавноста да слават на многу поодмерен начин. Тие мора да бидат многу повнимателни и да не се доведуваат во опасност. Целта на фудбалот е да донесе радост и да не ги остави семејствата во жалост, изјави Амаду Макаџи, портпаролот на ФФ на Гвинеја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО