Шестмина клучни главните играчи на Ливерпул почнаа да тренираат со „црвените“. Тие се вратија во клубот по продолжениот одмор што го добија поради учеството на ЕП и на Копа Америка.
Трент Александер-Арнолд, Дарвин Нуњез, Коди Гакпо, Вирџил ван Дајк, Луис Дијаз и Џо Гомез ја пропуштија турнејата во САД, но сега се вратија во тренинг базата на Ливерпул и почнаа да тренираат.
Во истовреме, преостанатиот дел од тимот, се врати во Англија по прекуокеанскиот камп. На тимот предводен од Арне Слот му претстојат уште две контролки пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.
„Црвените“ ќе играат со шпанските Севилја и Лас Палмас, а новиот тренер ќе користи две различни тимски формации бидејќи уелот против Лас Палмас ќе се игра зад затворени врати. Ливерпул ја „отвора“ новата сезона во Премиер лигата со гостувањето кај новајлијата Ипсвич.