Шерифовски загуби со ипон во првата борба на ОИ

Македонскиот џудист, Еди Шерифовски беше елиминиран во првото коло од турнирот на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Тој загуби со ипон од светскиот првак, Бразилецот Гилјерме Шимит во првата рунда, во категоријата до 81 килограм.

Шерифовски одолеваше во првите минути од борбата, но потоа Шимит освои еден поен, а потоа со ипон го доведе мечот до крај. Шерифовски е третиот олимпиец со кој Македонија досега се претстави на Игрите во Париз

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО