Шекил О’Нил по завршувањето на кариерата излезе во медиумите, а неговите изјави често ги споделува јавноста.
Шек во интервју за Билд го остави Леброн Џејмс надвор од петте најдобри на сите времиња.
– Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Мелоун и јас.
Кога го прашале да го објасни својот избор, Шек одговорил:
– Одредени играчи доминираа во лигата во различни моменти од мојот живот. Како дете, им се восхитував на играчите како Џулиус Ирвинг, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Лери Бирд.
За О’Нил нема дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња.
– Тој го потврди својот статус со достигнувања со кои ретко кој може да се спореди и влијанието што го имаше на оваа игра во текот на неговата кариера, заклучува О’Нил.