Шеј Гилџус Александар освои уште една награда во НБА, овој пат за играч кој беше најдобар во завршницата на натпреварите.
Канадскиот бек е најдобар „клач“ играч на сезоната, награда која беше неодамна воведена. Досега ја освоија Дирон Фокс, Стеф Кари и Џејлен Бренсон.
Актуелниот МВП на НБА и кандидат да ја освои наградата и оваа година, има просек од 31,1 поен, 4,3 скока и 6,6 асистенции сезонава, а ја предводеше Оклахома до првото место на табелата и најдобриот резултат во лигата втора година по ред.
– Оваа награда многу ми значи. За да ја добиете, мора да му помогнете на тимот да победи во финалето, и тоа е она по што се водам – само сакам да победам, рече Шеј откако го доби ова признание.
Плејмејкерот на Оклахома заврши убедливо прв, со 96 гласа. По него, во финалното гласање, следуваа Џамал Мареј и Ентони Едвардс.