Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај, Валентин Вашеро, забележа огромен скок на АТП листата, на која првото место и понатаму го држи Карлос Алкараз.
Вашеро играше квалификации во Шангај, на крајот си замина со трофејот во рацете и 1.000 поени.
Тенисерот од Монако, турнирот го започна како 204-ти во светот, а по завршувањето на Мастерсот се наоѓа на 40-то место.
Шпанецот Карлос Алкараз ја држи првата позиција со 11.340 поени, Италијанецот Јаник Синер е сè уште втор играч во светот со 10.000 поени, додека Александар Зверев е трет, а Тејлор Фриц е четврти. Петтата позиција ја задржа Новак Ѓоковиќ.
Шестиот тенисер на планетата е Бен Шелтон, по него следуваат Алекс Де Минор, Лоренцо Мусети, Џек Дрејпер и Карен Хачанов.