Сензационалната, 16-годишна Русинка, Мира Андреева растура во Мелбурн

Тинејџерската сензација, 16-годишната Русинка Мира Андреева направи извонреден кам-бек во третиот сет и успеа да се пласира во четвртото коло на Австралија Опен. Андреева ја победи Французинката Дајан Пари со 1:6, 6:1, 7:6 (10:5) и покрај тоа што беше во негатива од 1:5 во решавачкиот трет сет!

Андреева потоа освои пет гема по ред и сервираше за победа во мечот, но Пари се врати и се избори за тај-брејк. Сепак, Андреева доминираше на тај-брекот и си обезбеди пласманот во следната рунда.

Во второто коло Андреева ја елиминира шестата фаворитка, Тунижанката Онс Жобер со 6:0, 6:2, за 54 минути!

Андреева, моментално 47-на на ВТА ранг листата, која прв пат настапува во Мелбурн, лани стигна и до четвртото коло на Вимблдон.

Претходно на Ролан Гарос, откако ги мина квалификациите стигна до третата рунда. Во Њујорк во второто коло загуби од Коко Гаф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО