Голема сензација се случи во Суперкупот на Шпанија, каде екипата на Уникаха успеа да го сруши кралскиот клкуб со 90:80 и да го освои трофејот во ова натпреварување.
Кралскиот клуб важеше за јасен фаворит пред натпреварот, посебно поради тоа што во полуфиналето ја елиминираа Барселона, која беше нивни главен ривал, па за очекување беше да ја почнат сезоната со трофеј, но доживеаја ладен туш.
Уникаха веќе во првата четвртина му стави јасно до знаење на Реал Мадрид, дека овде дошле по трофејот, па поведоа со 32:19.
Реал успеа да се врати во втората четвртина (26:17), но беа повторно во одредена негатива. Во вториот дел тимот од Малага, не само што успеа да им парира на „кралевите“, успеа да ги запре нивните налети и напротив, да ги добие третата и четвртата четвртина и да освојат важен трофеи.
Брилјираше Камерон Тејлоер со 22 поени, 6 скокови и 6 асистенции, додека кај Реал најдобар беше Факундо Кампацо со 19 поени, недоволни за пресврт и нов трофеј.