Кошаркарите на Макаби поведоа во четвртфиналната серија од плеј-офот во Евролигата против Панатинаикос.
Израелците во преполната „OAKA“ во Атина, славеа со резултат 91:87 (26:25, 16:25, 21:20, 28:17).
Гостите беа во заостаток во дел од натпреварот, но во последната четвртина го свртеа натпреварот во своја полза и впишаа победа.
Трагичар на натпреварот беше Костас Слукас, кој во клучниот напад додаде топка кон рацете на еден противнички играч и им овозможи контранапад.
Во победничката екипа Колсон постигна 18 поени, го следеа Браун со 16 и Болдвин со 15. Кај домаќините, Лесор беше најдобар со 22 поени, Слукас со 12, а Грант и Григонис со по 11 поени.