Сензација на Вимблдон: Бранителката на титулата Вондрушова како Граф прeд 30 години

Бранителката на титулата, Маркета Вондрушова од Чешка, шестата тенисерка на светот, предвреме го заврши настапот на грен слем турнирот во Вимблдон, Таа веќе во првото коло загуби од Шпанката, Џесика Бузас, 83-та на ВТА листата во два сета, со 4:6, 2:6.

Вондрушова (25), која лани стана првата нерангирана тенисерка што триумфирала на Вимблдон, е и првата бранителка на титулата која е поразена во првото коло, по Германката, Штефи Граф пред 30 години.

Втората тенисерка на светот, Коко Гоф, убедливо ја победи романската квалификантка, Анка Тодони со 6:2, 6:1. По повлекувањето на Арина Сабаленка и Викторија Азаренка, впечаток е дека овој дел од ждрепката доста се расчисти за Американката.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО