Неочекуван пораз на репрезентацијата на Хрватска

Кошаркарите на Нов Зеланд ја победија Хрватска со 90:86 во натпреварот од второто коло од квалификациската група Ц1 за Олимписките игри и на тој начин ги сочуваа шансите за пласман во полуфиналето на турнирот во Атина, на кој и покрај денешниот пораз, Хрватска веќе се валификува.

Пред почетокот на последниот дел, Хрватска имаше пет поени предност (79:74), но Нов Зеланд успеа да направи голем пресврт во финишот и да оствари победа која ги остава во трка за место во полуфиналето.

Кори Вебстер го предводеше Нов Зеланд до победата со 21 поен, Шеи Или имаше 18, Ајсаја Мориохаху-Лиф 14, Томас Џејмс Воданович 11 и Јаник Вецел 10.

Кај Хрватска најефикасен беше Ивица Зубац со 29 поени и 14 скока, Дарио Шариќ имаше 19, Марио Хезоња 16, Дарио Дрежњак 10, а Џелин Смит девет поени со пет асистенции.

Вчера Хрватска ја совлада Словенија (108:92) и поради +12 поени веќе обезбеди пласман во полуфиналето, но од кое место останува да видиме.

Ако Нов Зеланд ја победи Словенија, Хрватска ќе биде втора, а Хрватска ќе остане прва доколку Словенија го победи Нов Зеланд со помалку од 29 разлика.

Доколку Словенија го декласира Нов Зеланд со повеќе од 29 поени, ќе го освои првото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО