Македонија (до 19) нема да оди на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија (до19 години) го претрпе и вториот пораз во групата во Скопје и остана без посакуваниот пласман на Европското првенство (ЕП).

Избраниците на селекторот, Тони Јакимовски по стартниот пораз од Украина, денеска загубија и од Швајцарија со 0:2. Головите ги постигнаа Жуниор Луке во 12. минута и на Ромео Бенеј кој во финишот постигна навистина прекрасен погодок.

Македонија последниот меч во елитните квалификации за ЕП ќе го одигра в среда против Летонија на теренот на ФФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО