Селекторот на Романија лут: Некои треба да ни се извинат

Словачка и Романија ремизираа, 1:1 во последното коло од групата Е на Европското првенство (ЕП). Пред натпреварот се знаеше дека нерешениот резултат на двете репрезентации ќе им донесе пласман во осминафиналето.

Словаците поведоа со голот на Ондреј Дуда во 24. минута, а конечниот резултат го постави Разван Марин во 37. минута.

Во вториот натпревар Украина и Белгија исто така одиграа 1:1, па сите селекции во групата завршија со по четири бода. На Украина и требаше победа над Белгија, но бидејќи не ја оствари, групната фаза ја заврши на последното место, со најлоша гол-разлика.

Украинските навивачи беа лути поради ремито меѓу Словачка и Романија, кое ја елиминираше нивната репрезентација од турнирот.

Романскиот селектор Едвард Јорданеску „полуде“ поради обвинувањата дека неговите играчи се договориле со Словаците да го наместат натпреварот, односно да ги поделат бодовите за да минат двете репрезентации.

– Некои треба да ни се извинат. Двете селекции го дадоа максимумот во 90-те минути. Срамно и безобразно е да фрлате кал врз нашиот тим и врз нашето достоинство. Романија покажа карактер.

Речиси целиот стадион беше жолт. Навивачите не’ следеа насекаде, на тренинзите и во хотелот. Неверојатно е, се надевам дека така ќе продолжи. изјави Јорданеску чија репрезентација ќе игра против Холандија во осминафиналето, во вторник од 18 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО