Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, на денешниот брифинг на ФФМ зборуваше за националниот тим и за можностите кои им се даваат на домашните фудбалери.
„Повикав повеќе фудбалери и од македонското првенство и сите добија шанса. Очекуваме и посакуваме во иднина да се појават нови имиња од младата репрезентација кои ќе бидат дел од сениорскиот тим. Атмосферата во репрезентацијата е добра и покрај поразот од Турција. Најважно е да го оставиме лошото зад нас, а верувам дека доаѓаат подобри денови“, истакна Седлоски.