Се за Олимпијадата: Ампутираше два прста, за да може да игра во Париз

Олимписките игри во Париз стартуваат за пет дена, а од Австралија ни доаѓа една неверјатна приказна за еден спортист кој сака да учествува на игрите.

Австралискиот хокеар Мет Досон, одлучи да ги ампутира своите два прста со цел да може да брани за својата земја на ЛОИ 2024 година.

Тој имено, го скршил малиот прст на десната рака и имал два избора, да ги ампутира или да го пушти да зарасне па да биде повторно здрав.

Откако лекарите му дале два избори, тој немал многу време за размислување и морал да донесе одлука, па донел одлука дека два прсти ќе му бидат отстранети, со цел да игра на ЛОИ.

– Донесов одлука заедно со пластичен хирур, не само за шансата да настапам на ЛОИ, туку и за животот понатаму. Најдобрата опција е да ги отстранам двата прста, тоа е сега помалку и предизвик, но што е тука, немав долго време да размислувам, порача Досон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО