Голманот на репрезентацијата на Шпанија, Унаи Симон, по освоената титула со „црвената фурија“ на ЕП, дозна катастрофални вести.
Тој веќе е опериран, бидејки во потполност му страдаше зглобот на десната рака, па сега поради тоа, нема да може да игра цели пет месеци.
Со тоа Симон ќе пропушти најмалку 25 натпревари на Атлетик Билбао, на кои сигурно ќе им недостасува на почеток од сезоната во ЛШ и Примера, но и во Лигата на нации со Шпанија.
Како што објаснува докторот на Атлетик Билбао, повредата на голманот го мачела уште минатата сезона, па тогаш немало простор за така голема пауза.
Ситуацијата со месеци се влошувала, но тој сепак издржа до ЕП и на крај го освоија. По ЕП едноставно мораше да се согласи на операција и сега се очекува меѓу стативите да се врати пред новогодишните празници.