Се подготвува ли тешка местенка на ЕП? Обложувалниците ги намалија квотите на овој натпревар

Групната фаза од ЕП влегува во својата завршница. Се играат натпреварите во одлучувачкото 3. коло по што ќе бидат ривалите за нокаут фазата познати.

Најинтересно ќе биде во групата Е, каде се сместени Белгија, Словачка, Романија и Украина. Имено, сите селекции имаат по три освоени бода пред последното коло од групната фаза и многумина веруваат дека еден од мечевите може да биде наместен, затоа што исходот им одговара и на едните и на другите.

Станува збор за мечот Словачка – Романија.

Овие репрезентации и со реми на тој натпревар, можат да се надеваат на пласман во осминафинаелто од ЕП. Јасно е дека четири бода ќе бидат доволни да се мине во следната фаза, па дури и со трета позиција во групата, а во случај на нерешено, Романија оди како прва или втора (во зависност од мечот Белгија – Украина), додека Словачка оди како третопласирана.

Сите очи се вперени кон овој натпревар, затоа што многумина веруваат дека мечот може да биде завршен со нерешен резултат, односно наместен. За тоа се свесни и обложувалниците, кои за типот X, нудат нисква квота.

Квотата на тој тип падна под 2,05, што е редок феномен, додека за единица на Словачка е 3,30, додека за Романија е дури 4.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО