Се менуваат ли работите во Ф1: Верстапен смета дека има конкуренција за титулата

Шампионот Макс Верстапен, смета дека сезонава има еден тим кој е сериозна закана по неговите шампионски амбиции.

Асот на Ред Бул по 14 трки има 78 бодови повеќе од првиот следач, или Ландо Норис на втората позиција од Мекларен. Меѓутоа, во последните неколку трки, Мекларен сериозно ја подигна формата и доминацијата на Верстапен и Ред Бул и не е така изразена.

Очигледно дека во Мекларен, Макс Верстапен видел конкуренција и токму тоа го потенцира.

– Ако продолжат да победуваат, реално ќе бидат опасност кон моите шампионски аспирации, ќе се борат за титула. За нас титулата е секогаш приоритет и подсвест, мора да се фокусираме и да бидеме уште подобри, порача Верстапен.

Шампионатот во Ф1 продолжува на 25. август и трката во Зандворт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО