Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, притиска кај челниците на тимот да издејствуваат трансфер на Жоао Феликс, кој откако се врати во Мадрид, тренира одвоено од соиграчите.
Познато е дека Аргентинецот не го сака Португалецот во тимот и дека ќе инсистира на негово заминување. Феликс двапати беше позајмен во Челси и Барселона. Неговата трансферна сума е околу 50 милиони евра.