Италијанскиот прволигаш Сасуоло на официјалната клупска интернет страница објави дека му дала отказ на тренерот Алесио Дионизи.
Тоа се случи по последниот неуспех во Серија А и поразот од Емполи (2:3) на домашен терен. Сасуоло нема забелажно победа на шест натпревари по ред и се наоѓа на 17. место во Серија А со 20 бода.
Клубот одлучи негова замена да биде Емилијано Биџика, кој досега ги предводеше младинците на Сасуоло.