Поради расистички навреди кон Салах доби забрана да оди на стадион три години

Навивач на Евертон доби 3-годишна суспензија поради расистички навреди кон Мохамед Салах.
Според Би-Би-Си, инцидентот се случил на натпреварот Ливерпул – Евертон на 21 октомври на „Енфилд“.

Извесниот, Џоел Барвиз (26) извикувал расистички навреди откако спикерот го објавил името на Салах,
а исто така се потсмевал на трагедијата на „Хејсел“ во 1985 година, во која загинаа 39 луѓе.
Кралското обвинителство соопшти дека однесувањето на навивачот било забележано од стјуардите,
а насилникот потоа бил идентификуван на камерите за видео надзор.
Судот му забрани на Барвајз да присуствува на натпревари во период од 3 години. За тоа време
тој не смее да се доближува на 1 километар до некој од стадионите во Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО