Маурицио Сари се враќа во Наполи?

Маурицио Сари би можел да се врати на клупата на Наполи што го водеше меѓу 2015 и 2018 година, пред да замине во Челси.

„Тутоспорт“ и „Ил Матино“ тврдат дека има реални шанси тој повторно да пристигне на „Диего Марадона“. Ова би требало да се случи доколку Наполи го назначи Фредерик Масара за нов спортски директор.

Zа него се тврди е за враќање на Сари откако тимот продолжи со слабите настапи и резултати по доаѓањето на Франческо Калцона, кој го замени неуспешниот Валтер Мацари.

Желба на претседателот, Аурелио Де Лаурентис, е да го убеди Антонио Конте да го преземе тимот. Тој дури е подготвен да го назначи Џанлука Петрачи за директор, кој е добар пријател на Конте. Засега, таа опција изгледа поневеројатна, и многу поголеми се шансите во Наполи да дојдат Масара и Сари.

Но проблем може да бидат односите меѓу Сари и Де Лаурентис последниве години. Де Лаурентис долго време не можеше да му прости на Сари што ги напушти и што замина во Челси, а неодамна го нарече „лузер“ откако доби отказ од Лацио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО