Сандро Тонали трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, кој моментално го носи дресот на Њукасл.

Тонали пред две години беше продаден на Њукасл за 70 милиони евра, но ја пропушти минатата сезона поради суспензија.

Оваа сезона не игра стандардно, па и самиот сака да се врати во Серија А по завршување на сезоната.

Доколку Њукасл не успее да избори пласман во Лигата на шампиони би можел да го продаде Тонали, а Јувентус е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО