На синоќешниот натпревар од 14. коло во англиската Премиер лига, Ливерпул и Њукасл одиграа 3:3. Мохамед Салах постигна два гола и имаше една асистенција со што постави нов рекорд во ова натпреварување.
Египетскиот напаѓач на Ливерпул постигна гол и асистираше за гол на ист натпревар 37-ми пат во кариерата во најквалитетната англиска лига. Досега тој рекорд го делеше со Вејн Руни, кој тоа го стори 36 пати, поставен во јануари 2016 година.
За новиот рекорд на Салах (32) му беа потребни 214 натпревари, доста помалку од легендарниот стрелец на Манчестер јунајтед и Евертон кој до рекордот дојде на 277-от премиерлигашки натпревар.
Салах за Ливерпул има одиграно 370 натпревари, постигна 226 и асистираше на 101 гол. Сезонава тој е водечки стрелец (13) и втор асистент на натпреварувањето (8).
Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед со 253 гола на 559 натпревари. Во дресот на гигантите од Олд Трафорд запиша и 139 асистенции.