(ВИДЕО) Салах е поблиску до заминување отколку до останување во Ливерпул!

Мохамед Салах најави шокантно заминување од Ливерпул на крајот од сезоната. Тоа уследи само ден откако тој постигна два гола на мечот против Саутемптон на гости (3:2) за зголемување на водството на Ливерпул на табелата со плус осум бода пред Манчестер сити.

Лидерот во Премиер лигата го искористи поразот на Сити од Тотенхем (0:4) и успеа да го совлада Саутемптон со двата гола на Египјанецот, во 65 и 83 минута, за целосен пресврт на натпреварот.

Салах си ја заврши работата, а по мечот се огласи со порака до клубот. Него договорот со „црвените“ му истекува на крајот од сезоната, а како што кажува, никој не го удостоил со разговар за продолжување на соработката.

– Поблиску сум до заминување отколку до останување во Ливерпул, истакна Египјанецот на почетокот на разговорот со англиските медиуми, додавајќи дека е разочаран бидејќи досега не добил никаква понуда.

Нема наскоро да се пензионирам, само ќе играм, фокусиран сум на сезоната и се обидувам да ја освојам Премиер лига (ПЛ), и се надевам Лигата на шампиони (ЛШ). Разочаран сум, но ќе видиме, изјави Салах.

Салах се врати во Англија во 2017 година, кога го смени дресот на Рома за тој на Ливерпул, и оттогаш постигна 223 гола на 367 натпревари. Тој тримфира во ЛШ 2019 и во ПЛ 2020 година.

– Знаете, јас сум тука толку многу години, нема клуб како овој. Ги сакам навивачите, тие ме сакаат мене. Но на крајот, ништо не е во мои раце или во рацете на навивачите. Останува да почекаме и да видиме што ќе биде, изјави Салах.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО