Салах доби понуда од Франција – половина милион неделно

Сензационална вест доаѓа од Франција. Пари Сен Жермен (ПСЖ) планира да го привлече Мохамед Салах со тригодишен договор вреден 500.000 евра неделно.

Информацијата на својот Твитер профил ја објави познатиот новинар Ромен Коле Годин.

 

Договорот на Салах со Ливерпул истекува ова лето, а од 1 јануари тој ќе може слободно да преговара со други клубови.

Според информациите, ПСЖ е подготвен да понуди неверојатни 72 милиони евра за три години, што е многу подарежливо од понудата на Ливерпул, кој наводно на Египќанецот му нуди двегодишен договор со плата од 400.000 евра неделно.

Славниот напаѓач, кој има 32 години, сезонава игра во фантастична форма – на 26 натпревари во сите натпреварувања постигна 20 гола и забележа 17 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО